Нашите забелешки се принципиелни, ние велиме најпрвин човечкиот ресурс кој што располага СЈО за нас е дискутабилен проблематичен, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју дадено за вестите на Сител телевизија
-Зошто? Дел од тој човечки ресурс, вклучително и специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители кои што биле тим на СЈО, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот Рекет според закон не можат да се вратат во ова ново формирано обвинителство или ново формирано одделение, без разлика тие мора да се вратат во обвинителствата од каде биле преземени во рамките на СЈО, вели тој.
Според него, СЈО е дувло за непотизам вработувајќи си ги ќерките, синовите, братучедите прашувајќи дали овие луѓе кои што се ставале во одбрана на криминалот со последниот случај „Рекет“ ќе може да се борат бескомпромисно со криминалот.
-Потоа имаме друг човечки ресурс кој што е дел од СЈО како што е внукот на Катица Јанева, како што е идната снаа на Катица Јанева, како што се двајцата братучеди на еден од обвинителите Гаврил Бубевски, како што се синот и внукaтa на една од обвинителките таму, како што е ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, како што синот на Лиле Неделкова, да ви ги редам останатите роднини, пријатели, комшии и соседи на Катица Јанева. Е со овој нов закон се предвидува сите овие договорци да бидат превземени од страна на новото обвинителство и сега се поставува прашањето кого подржуваме ние, луѓето кои што биле соучесници во процесот Рекет за да го заштитат истиот тој процес или пак тие треба да се борат да бидат бескомпромисни со криминалот, објасни Мицкоски.
Тој смета дека државниот јавен обвинител да ги преземе сите предмети од СЈО покренати на ниво на обвинение до 30 јуни 2017 година, а не обвинителот кој треба да раководи со новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју што вечерва беше емитувано на телевизија „Сител“.
– Државниот јавен обвинител да ги преземе во фаза во која што се – дали се во фаза на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред Апелација итн и согласно препораките на експертската јавност, тие процеси да ги распредели на обвинителствата таму каде што припаѓаат, рече Мицкоски.
Според него, со предложеното законско решение за јавно обвинителство е предвидено специјалниот јавен обвинител да се префрли во новото обвинителство.
– Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот „Рекет“, треба да бидат превземени во рамки на новото обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Мицкоски.
Според него, обвинителите на СЈО не треба да се префрлат во новото Обвинителство, туку да се вратат во обвинителствата од кои што дошле.
Што се однесуав до случајот „Рекет“ тој истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен и јасен и постои основано сомневање, кое што го потврди и јавниот обвинител кој што го работи тој случај, кој што кажа дека гласот на Катица Јанева се слуша во доказниот материјал и немаме никава дилема дека треба да се истражи случајот.
-Врз основа на разговори водени на луѓе кои што се опфатени со овој процес кои што јас сум ги водел лично, кои што ги воделе моите соработници, ние јасно се соочивме со жртвите на овој случај наречен рекет, кои што пред нас сведочеа и положуваа докази. На дел од тие, доказите ги насочивме таму каде што им е местото да ги презентираат, а тоа е во јавното обвинителство, а дел кои што немаат материјални докази се плашат да излезат јавно да сведочат за рекетирање од врхушката на власт, вели Мицкоски.
Тој објасни дека прашање на време е кога дел од тие жртви ќе се охрабрат, затоа што гледаме дека секој ден се охрабрува некој нов, кој што е жртва на овој процес рекет и кажува како и на кој начин се вршело рекетирањето. Тој истака исто така дека нема да помине многу време и за други жртви на рекет, но во други случаи, кои ќе посведочат и пред камера и во обвинителството и ќе приложат докази.
-Очекувам дека овој случај ќе се расветли, и не само овој случај, но и останатите случаи кои што беа во минатото или кои што ќе следат во иднина ќе бидат расветлени, вели Мицкоски.