Шумскиот пожар што вчера избувна во попладневните часови над кочанското село Бели не е изгаснат и досега има зафатено поголема површина.

Во гаснењето беше активирана ТППЕ – Кочани, а вклучени беа и вработени од КЈП „Водовод“, како и вработени од „Македонски шуми“, полицијата и дел од локалното население.

Локални медиуми и граѓани на социјалните мрежи објавија дека од пожарот биле зафатени и неколку објекти викенд-куќички, а уништени биле и пчеларници, како и огромен дел од шумата во ова подрачје.

Дел од пожарот бил ставен под контрола, но почнал да се спушта и кон селото Црвена Нива.

За денеска е најавено активирање на авиони за гаснење на пожарот.