Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги, наведува Заев.
Тој натаму потенцира дека гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја, при што ширум државата се изградени 216 километри гасовод.
– Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега се изградени над 30 километри водовод за 310.000 жители и 37 километри канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме С. Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!, потенцира премиерот Заев во објавата на Фејсбук.