Еден од најголемите проблеми на Манчестер Јунајтед во текот на сезоната 2018/2019 беше фактот дека на многу играчи им истекуваа договори.
Еден од најважните кој сè уште официјално не објавил обновување на неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е лидерот Давид Де Хеа.
Денес, сепак, легендата на „Олд Трафорд“, Питер Шмајхел сподели дека Јунајтед и Де Хеа веќе го обновиле договорот на играчот.
Поранешниот голман додаде и дека околу шпанскиот голман ќе се гради нов тим.
– Давид беше вистинскиот знак дека добро започнуваме откако тој беше нашиот најдобар играч во последните пет години. Ние го врзавме цврсто и сега почнуваме да градиме околу него, рече Шмихел.
Јунајтед го собори рекордот за најскапиот дефанзивец ова лето, откако плати 80 милиони фунти за Хари Мегваер.