Акцијата на Владата на Зоран Заев во Македонија за отстранување на македонските симболи наиде на одушевување во соседна Грција.

Отстранувањето на Сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје, во Битола и во другите градови произведе нови маички во Грција, на кои се носи Сонцето од Кутлеш пред и по по Заевото брусење на капаците од шахтите.

– Сега го гледаш, сега не, пишува на маичката што стана хит кај јужниот сосед.

Се објавуваат и коментари на Грците:

– Тотално ја обожавам мојата нова маичка, напиша Анастасија Мерѕу на Твитер покрај фотографијата што ја сподели со јавноста.