Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) в среда на 28 август е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

МТСП во исто време им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државава.

Голема Богородица е дел од празниците што се неработни денови согласно со Законот за празниците.