Студентот Алехандро Естесо Перез од Универзитетот во Малме во Шведска сака да магистрира на тема криминал и корупција во Македонија.

Тој преку социјалните мрежи побара помош од Македонија за изработка на магистерскиот труд на оваа тема.

– Ми треба вашата помош во ова истражување! Нема да ви одземе повеќе од 15 минути, замолува Перез за помош на Твитер.

Ете странците гледаат криминал и корупција во Македонија, а власта предводена од премиерот Зоран Заев не пропушта прилика да не каже дека „блескаме“, откако судството го отвори „како пупка“.