Рудникот Алшар, кој одамна е вон експлоатација, се наоѓа во селото Мајден, на 900 метри надвоморска височина во Тиквешко и има минерал кој е редок во светот, и како што се тврди, само во Македонија во чиста форма.
– Во близина на окната се чувствува миризба на сулфур. Земјата е мека, а е исполнета со разни минерали во разни бои. Доминантна е жолтата, поради големото присуство на арсенот. Токму арсенот се икопувал во турско време и се користел најмногу во козметиката, за депилација, тврдат лица кои го посетиле ова место.
Дел од рудата што некогаш се ископувала преку солунското пристаниште се носела во Германија.
– Токму таму, при обработката, се откриени некои од уникатните својства. Во Алшар, во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на „неутрино“, честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет единствено во Македонија го има во чиста форма, тврдат тиквешани.