Советот на обвинители денеска по седумчасовна расправа одлучи в четврток да донесат одлука дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде разрешена од функцијата.

Како што објави ТВ Телма, претседателот на Советот, Коле Штерјев, рече дека поради обемоста на материјалот и доказите кои ги дало обвинителството, денеска само ги читале и немале време да донесат одлука.