СИТЕЛ: Катица Јанева со рачно напишано писмо ја активирала оставката!

/ 05.09.2019
Двете „специјални“ - Уставниот суд за Ковеси кажа дека ги надминала овластувањата

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвор го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули годинава, објави Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево, известува телевизијата.

Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево, откако и вчера Јанева напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.

Таа на денот на апсењето на Боки 13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.

– „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на мојата земја, напиша тогаш таа, додавајќи дека е горда што се бореле со сите облици на криминал.

 


Од истата категорија