Во четири различни атински населби, за помалку од половина час, непознати лица, на четири локации нападнале и нанеле штета на две канцеларии на Нова демократија и на две филијали на банки, а грчката полиција привела 25 лица, jави МИА од Атина.
Од Нова демократија преку соопштение велат дека ова е петти пат, за неколку дена, нивните канцеларии да бидат мета на напади. -Очигледно е дека Нова демократија нема да се исплаши од никој и ќе продолжи
Уште порешително со борбата против беззаконието за чувството на безбедност да се зајакне секаде, соопштуваат од грчката владејачка партија.