Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека Техеран ќе претстави план со кој во соработка со другите земји од регионот ќе се обезбеди сигурност во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец.
Тој предупреди дека нема да дозволи никој да ги наруши границите на земјата, но додаде дека Техеран им подаде рака на пријателство на сите соседи.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно одобри распоредување американски сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после минатонеделниот напад врз саудиската нафтена рафинерија.