ОД УТРЕ: За лек освен рецепт треба и лична карта или пасош и лично подигање од аптека

/ 30.09.2019

Осигурените лица од утре ќе може да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош.

Тоа значи дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека за да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Фармацевтската комора на Македонија не ја поддржа оваа одлуката на Фондот за здравство, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош. Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.

-Се поставува прашањето, дали смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролирање на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар, изјави неодамна претседателот на Собранието на Фармацевтската комора Имер Имери.


Од истата категорија