Сент Етјен го отпушти менаџерот Жизлен Принто, а клубот во соопштение посочи дека тој наскоро ќе биде повикан од страна на раководството за разговори, поради наводно нарушување на договорот.

Тој синоќа беше заменет со Клод Пуел. 58-годишниот стратег потпиша со „зелено-белите“ до летото 2022 година. Претходно водеше екипи како Монако, Лил, Лион и Ница, како и Саутемптон и Лестер, од каде беше ослободен во февруари годинава.

Интересно е што Пуел е ментор со најмногу лигашки натпревари во Лига 1 овој век – 506 од 577. Најверојатно тој ќе го направи своето деби во недела за дербито со Лион.

Искусниот тренер го презема Сент Етјен, кој во моментов е на претпоследното 19-то место во француската Лига 1.