Поради поврзување на стара водоводна мрежа на нова водоводна мрежа од Ф-200 мм на бул. Борис Трајковски бб во кругот на Пелагонија, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од насеслба „11 Октомври“ (бараки).
Како што соопштија од РЦУК – Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување со техничкиот зафат.