Секој знај оти во Стамбол секоја вечер имало јанг’н и до тој век се јанг’н ќе имало, чунки бил проколнат од Свети Јоана Златоуста, коа го сурдисуале од Стамбол друзите владици, што биле собрани во тоа време, да ја врзуаат верата православна.
Чунки тој бил што зборуал во додекадата најпрво, да од тоа беа го запизмиле некој богати старци и беа го сурдисале од Стамбол надвор и ошто му дошло мака дека бил стар чоек, тики го проколнал Стамбол и рекол:
– Ај да би секоја вечер јанг’н да се праи во овој пусти град што ме намачи мене стар чоек, одејќи пеш на сургун, во оваа силна горештина!
Така проколнуајќи Св. Јоан уште во таа вечер се започнал јанг’но и секоја вечер кај се чини јанг’н и до ден-денеска.
Лудите са умните, а умните са лудите
Трна Исус Христос да патува во Витлеем за Назарет. На п’тот дека патуваше намери две девојки, п’лние вода на една чезма. Тој дојде до кај чезмата, таму, му вели Исус Христос:
– Девојко, девојко, дај ми мало вода да се напија.
– Не си слеп, слези, – му вели, – пиј, – на Исус Христос, девојката.
– О, -вели, – ти не си добра девојка – му вели, – слеп ме напрви на мене, слези пиј.
Другата девојка му вели:
– Господа, Господа повели од мојот бардак да се напиеш вода.
И тој зема бардакот, се напил мало вода и каза:
– Ва девојка многу паметна, добра, – рече, – а та другата девојка е многу луда – рече – па шо е луда та – рече – не можи да направи семејство, – рече- добро, – рече – ама ќе напрајме нија така, – му кажва на учениците. На таја девојката лошата, – рече – ќе му дајме едно многу мирно момче, таја да лаје кај кучка, тој да ќути и да си направе фамилија – рече.- На таја мирната девојка – рече – ќе му дајме едно лјуто момче, тој да вика, да цика, та да ќути и да си направе фамилија.
– Господа, господа, зашто говориш така, – му веле ученивците, з- ашто говориш така? На лошата девојка да му дајме лошо момче, на мирната девојка да му дајме мирно момче за да можи мирната да си живи добро и лошата , – рече – нека си живи лошо.
– Слушајте, другари, – рече – аку му дајме на мирната девојка – рече – мирно момче ќе се нај мирни двајцата – рече – дома. Аку му дајме, – рече – лудо момче на лудата, – рече – ќе се изеде кај кученишта – рече – и не ќе може да направе фамилија. На мирната девојка ќе му дајме лјуто момче, – рече – а на лудата девојка – рече – ќе му дајме мирно момче за да можи да направе фамилија и да си живее добро.
И денденес и јас и бабата, јас сам тро полјут, бабата ми е помирна и си живеиме добро.