Времето во Македонија ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу нула и седум, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.