Претседателката на парламентарната опозиција во Албанскиот парламент, Рудина Хајдари, во својот говор во албанскиот парламент откри дека премиерот Еди Рама ја откажал средбата со претседателот Стево Пендаровски половина час пред закажаното време за одржување.

Пратеничката, како што објави Ора њус, рече дека ова е грд чин на Албанија со оглед на фактот дека Македонија е сојузник на Албанија.

– Срамота е што премиерот Рама ја откажа средбата со претседателот на Македонија, тој ја откажа средбата 30 минути пред да се одржи. Тоа е грда постапка на нашата држава. Да се откаже таквата посета на толку високо ниво, особено ако се земе предвид фактот дека Македонија е наш сојузник и оди напред заедно со нас на патот кон ЕУ. Значи, имаме неколку заеднички предизвици. Ова откажување на средбата беше грда претстава , рече Хајдари, пренесува Ора њус.