Вчера околу 07.00 часот во Полициска станица Драчево, од Итна медицинска помош било пријавено дека во домот на улица „Пат за Китка“ починало машко бебе 40 дена по породувањето, од татко И.М.(32) и мајка Р.М.(23), двајцата од Скопје.
Од страна на лекар е констатирана смрт, без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено на обдукција.
Увид извршила екипа од Полициската станица Драчево.