Ако некој знае што ќе биде модерно, тоа сигурно го знае модната кралица Ана Винтур, која ги најави новите модни трендови и ги советува жените: „Биди дама, а не сељанка“.

Еве што според неа ќе гледаме следната година.

Рамни чевли – наместо високи потпетици, балетанките и рамните чизми се модели кои ќе доминираат.

Вез – фустани и блузи со везени детали ќе бидат апсолутен хит.

Мантили – инвестирањето во квалитетен мантил е добра одлука. Наредната година овој класичен модел ќе биде често виден во уличната мода.

Гардероба со принт – впечатливи и шарени принтови ќе се задолжителни на облеката.

Бермуди – од сите материјали, ќе се хит следново лето, а ќе се задржат и следната година на високо место.

Силни бои – правило кое ќе важи следната година гласи – што пошарено тоа подобро. Додајте во гардеробата неколку парчиња со весели бои.


Плетени торби – ваквите торби треба да изгледаат многу интересно, а се вклопуваат во речиси секоја комбинација.
Што се однесува до фризурите, како што веќе објавивме во еден претходен текст – боб фризурата е апсолутен хит, кој треба да е со соодветна должина, зависно од обликот на лицето.