Политиките на СДСМ за зголемувањето на животниот стандард, обезбедување повеќе пари кај граѓаните и поддршката за стопанството даваат резултати, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
– Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во септември годинава бележи ираст од 4,4 отсто и изнесува 25.435 денари што е за 1.080 денари повисока во однос на истиот месец 2018 година. Зголемувањето на платите се должи на политиката на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните и покачувањето на платите во јавната администрација, а пред се во образованието, здравството и социјалната заштита. Трендот на значително зголемување на платите ќе продолжи и наредните месеци со усвојувањето на законот за субвенционирање на придонесите на плати за работодавачите, кои ќе им ги покачат платите на своите вработени од 100 евра, предложен од СДСМ, но и со рекордниот раст на минималната плата за 5.500 денари на 14.500 денари. Одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст и за растот на платите, тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд , кој го нагласи фактот дека покрај зголемувањето на платите, невработеноста достигна историско најниско ниво од 17,5 проценти. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките од Програмата кои обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението од Центар за комуникации со јавност на СДСМ.