Серена Вилијамс е, можеби, една од најдобрите тенисерки на сите времиња, но сега таа покажа дека знае и прилично добро да танцува, „тверка“ и за крај – шпага. Видеото на Инстаграм е објавено од нејзин пријател.

Покрај тенисот, Серена има и разни други вежби.

– Трчам, а потоа возам велосипед. Потоа се качувам на справа. Но, тоа ми беше здодевно, па пробав и јога. Сега трчам 10 минути, а потоа танцувам, изјави Серена.

Тенисерката, покрај одличната форма и совршените стомачни мускули, ја покажа и својата еластичност правејќи ја шпагата на крајот од точка, пишува списанието „Воменс хелт“.