Бројчаникот на Зоран Заев на Палата Македонија во Скопје никогаш не проработе, но само на педесетина метри од таму во Собранието на Република Македонија почна одбројувањето на последните премиерски денови на Заев.
На денешната собраниска седница, која е посветена на пратенички прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на говорницата излезе со натпис „Тик-так 7 дена“.
Алузијата е сосема јасна, тоа беше порака упатена до Заев и потсетување дека му остануваат само уште 7 дена до 3 јануари, кога треба да си поднесе оставка и да се формира техничката влада пред закажаните избори на 12 април.