Археолозите пронајдоа голем замок, кој го користела елитата на Маите пред повеќе од 1000 години во стариот град Кулуба, во близина на денешното монденско летувалиште Канкун, во источно Мексико.
Националниот институт за антропологија и историја (ИНАХ) соопшти дека остатоците од шест метри високата градба, долга 55 метри и широка 15 метри, укажуваат дека дворецот бил во употреба во два долги периоди, меѓу 600 и 1050 година.
Цивилизацијата на Маите била во подем меѓу 250 и 900 година, и опфажала големо подрачје од денешните јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас.
Замокот е откриен во источниот дел на археолошкото наоѓалишпте Кулуба, клучно прехиспаниско наоѓалиште во денешната мексиканска држава Јукатан.