Во интервју кое Дојче веле целосно ќе го објави утре, премиерот во заминување Зоран Заев ја објаснува одлуката да ја именува Мила Царовска за вицепремиер за економски прашања.
Именувањето на социологот и досегашната министерка за труд Мила Царовска на местото на Кочо Анѓушев за нов вицепремиер за економски прашања изненади многумина, но Заев вели дека верува во нејзиниот успех.
– Верувам дека менаџментот на веќе искусната Царовска, во овој сектор и тоа како може да биде успешен. Верувам дека тој ресор, како потпретседател на Владата за економски прашања ќе продолжи успешно да го движи, за да имаме уште поуспешни економски политики, од оние кои ги имаме денес, вели Заев.
Дојче веле утре ќе го објави целосното интервју со ставовите на премиерот во заминување за состојбите во правосудството, економските политики на Владата, иднината на Преспанскиот договор и претстојните избори.