Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров во интервју за руски медиум рече дека финансиската состојба на македонскиот тим воопшто не е подобрена во однос на ланската сезона.

– Многумина мислат дека финансиската ситуација е подобрена, но не е точно. Тимот ќе се соочи со со сериозни проблеми кога ќе завршат договорите на голем дел од играчите. Вардар го чекаат тешки времиња, открива Дибиров и додава:

За разлика од претходната сезона, продолжува тој, вакви тешки времиња во Скопје немало одамна.

– Стоилов беше повреден, Атман, Горбок, Калараш, Горпишин исто така се повредија, свое влијание имаше промената на теренот. Ќе се обидеме да поправиме нешто по завршување на паузата, вели меѓудругото Русинот.