Француската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои блокираа паркинг за автобуси во Париз, во знак на протест поради тоа што Владата на премиерот Емануел Макрон планира да ја зголеми возраста за пензионирање од 62 на 64 години.
На снимките објавени на Твитер од телевизијата БФМ се гледа дека полицијата употребува солзавец кон група луѓе собрани на влезот на паркингот.
Протестите, кои денеска влегоа во 29-от ден, се најдолги од 1968 година.
Францускиот синдикат ЦГТ вчера повика на продолжување на штрајковите во земјата, еден ден откако Макрон рече дека нема да се повлече од пензиската реформа затоа што станува збор за проект за „социјална правда и напредок“.