Василилис Спанулис го замени Хуан Карлос Наваро од првото место и веќе е топ-стрелец во историјата на Евролигата. Лидерот на Олимпијакос се израмни со „Ла Бомба“ доцна во четвртиот дел при домашниот пораз од Фенербахче, а со тројка на 2:39 минути пред крајот, го окупира самостојно првото место. Спанулис веќе има 4.157 поени на 318 натпревари одиграни на турнирот.
Наваро е втор со 4.152 поени на 341 натпревар, Јоргос Принтезис (Олимпијакос) е трет со 3.112 поени на 301 натпревари, а Топ 5 се дополнува со Паулиус Јанкунас (Жалгирис и Химки) со 3.012 поени на 330 натпревари и Фелипе Рејес (Естудијантес и Реал Мадрид) со 2.998 поени во 346 дуели. Од првите пет, само Наваро не игра активно.
– Да, го сторив тоа, но сакав да се случи со победа, па на крајот останува со лош вкус. Сакам да им се заблагодарам на сите мои тренери, соиграчи, претседатели, на сите што веруваа во мене сите овие години. Ви благодарам многу, рече Спанулис по средбата.