Американскиот претседател, Доналд Трамп по нападот во кој загина водечкиот ирански генерал Касем Сулејмани, изјави дека Вашингтон не бара промена на режимот во земјата.

– Ние не бараме промена на режимот. Агресијата на иранскиот режим во регионот мора да заврши сега. Синоќа презедовме акција за запирање на војната. Ние не презедовме акција за да ја започнеме војната- рече Трамп.

Убиството на Сулејмани во нападот на САД во Ирак се смета за пресврт и најава за ескалација на иранско-американскиот конфликт.

Извесно е дека ќе следат одмазднички потези, кои би можеле да го втурнат веќе турбулентниот регион на Блискиот Исток до работ на војна.