Иран му порача на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да го задржи правото на самоодбрана, загарантирано според меѓународното право.

По убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак, што го извршија САД, иранскиот амбасадор во ОН Тахт Раванчи во писмо до Гутереш напиша дека тој чин, според сите стандарди, „претставува очигледен пример на американски тероризам и, како криминален чин, претставува флагрантно кршење на основните принципи на меѓународното право, особено она пропишано со Повелбата на ОН“.

Иран претходно се закани со одмазда поради убиството на Сулејмани.