Жената на снимката е веројатно единствениот човек на светот кој може да каже што разговарале претседателите на САД и Русија на средбата во Хелсинки, која, со оглед на јастребите во Вашингтон кои се противат, е означена за историска.
Во понеделникот Трамп и Путин разговараа повеќе од два часа, а единствен присутен на тие разговори беше токму оваа госпоѓа.
Се вика Марина Грос и работи како преведувач на американскиот претседател.
Таа ја има преведувачката должност со години. Во 2008 година ја придружувала првата дама на САД во Сочи.
Како преведувач била и со Рекс Тилерсон во 2017 година во Москва.
Непријателите на Трамп веќе почнаа да ја прозиваат барајќи да каже што се разговарало на средбата.
Белата куќа, сосема сигурно, нема да го дозволи тоа. Таква наредба може да донесе само Врховниот суд на САД.