Говорејќи во Европскиот парламент, Најџел Фараж лидер на Брекит, истакна дека доколку Брегзит упола успее, „оваа институција во рок од 10 години нема да постои“.
Фараж истакна дека во наредните месеци и години ќе настани кампања „ширум Европа“ против ЕУ, при што спомена три земји членки кои што најверојатно следни би ја напуштиле ЕУ. Тоа се Италија, Данска и Полска.
-Овие земји се меѓу првите, нагласи Фараж.
Во разговор за списанието на ЕУ парламент, Фараж денеска потврди дека ЕУ за „10 години ќе се распадне, поради сезмичкото влијание од Брегзит“.
Фараж, чија партија на последните европски избори освои 29 мандати, верува дека излезот на Велика Британија ќе се покаже како „ударен чекан“ за ЕУ, притоа додавајќи дека „тоа е добра работа“.