Снимка на која се гледа како полугол маж паѓа од шест метри висина, стана хит на интернет. Човекот, при падот, прво со нога се заглави на прозорец од првиот кат, а потоа од паркираното возило се лизна на асфалтот.
Бизарната снимка доаѓа од Швајцарија. Наводно, се работи за љубовник кој избегал кога сопругот на неговата љубовница пристигнал предвреме. Облечен само во долна облека и чорапи, тој висеше од прозорецот долг шест метри додека не се лизна на автомобил паркиран под прозорецот. Потоа се стркала на земја.
Полицијата во Цирих потврди дека добила извештај за овој инцидент, што се случил во Валиселен на крајот на јануари, но не сакаше да дава детали.