Пониски температури, дожд и снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи од вторник следната недела.

Од УХМР денеска соопштија дека стабилното време со релативно високи температури за овој период од годината ќе се задржи до вторник кога кон крајот на денот  ќе настапи промена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата.

Во текот на ноќта кон среда и в среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.