1За неколку недели, три случаи на гонореја се покажеле отпорни на препорачаната прва линија на антибиотици. Случаите биле откриени во Европа и Австралија, стои во Извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Освен на азитромицин и цефтриаксон, бактеријата која ја предизвика оваа полово пренослива болест се покажала отпорна и на другите клучни антиобиотици со кои досега била третеирана.

„Со ограничени алтернативи за двојна терапија, изостанок на вакцина и нефункционални капацитети за следење на болеста, овие случаи се показател за растечката закана која би можела да води до неизлечива гонореја“, стои во истиот извештај.

Првично, на исклучително отпорната бактерија предупредила СЗО со проекции за појава на гонореја која не може да се лечи. Инаку, станува збор за втора по ред најчесто пренесувана полова болест во Европа со 75 илјади заболени.

Отпорноста на лекови, се разбира, не настанала вчера, туку со тек на години, а трите случаи, еден во Велика Британија и два во Австралија, кои го подигнале степенот на опаснност, не се меѓусебно поврзани. Во меѓувреме, британските медиуми известија дека случајот со тамошниот пацинет е решен со антибиотикот ертапен кој на пациентот му се давал три дена интравенозно.

Сепак, и во САД е покрената кампања поради супергонореја, но и поради генералното зголемување на бројот на полно преносливи болести. Инаку од оваа болест почесто заболуваат машките, додека кај жените обичо нема јасно видливи симптоми. Ако не се лечи, гонорејата може да се прошири и на другите органи и да го доведе пациентот во опасна по живот ситуација.