Иако беше најавено, денеска не се донесе одлука за прекина на наставата во училиштата низ Македонија поради рапидното ширење на грипот, кој, токму деенска во Скопје ја зеде третата жртва.
И додека се занимаваме со корона вирусот, здравествените власто забележале блису 6000 лица кои ги имаат симптомите, иако бројот е мнпгу поголем бидејќи не сите веднаш одат на лекар. Бројот на заболени рапидно се шири а стивнување на епидемијата се очекува дури за две недели.
Посебно се погодени најмалите, тие што одат во градинка и во основно училиште и, се разбира, хронично болните и постарите лица. Недонесувањето на одлуката за прекин на наставата, секако ќе го зголеми бројот на заболени, иако многу родители во тој случј не би знаеле кому да му ги остават децата на чување додека се на работа.
Денеска, д-р Кузмановска од Институтот за јавно здравје посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.
Во меѓувреме, од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, посочуваат, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.
Д-р Кузмановска рече дека сите градови пријавиле број на заболени од грип, а расте и бројот на лабораториско тестирани и потврдени примероци од заболени лица.
– Оваа недела достигнавме 68 отсто, што е најголем процент. Од вкупно тестирани 91 материјал 62 се позитивни. Докажани се инфлуенца А и различни поттипови на вирусот и инфлуенца Б. Најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години, иако трендот на пораст на зафатеноста останува ист. Најмногу заболуваат школските деца на возраст до 15 година. Сите 28 известувачки единици во градовите прикажаа активност на вирусот. Очекуваме во наредните недела, две овој тренд да се стабилизира и да почне да опаѓа доколку нешто непредвидено не се случи, рече д-р Кузмановска.