Уште 21 лице почина во Иран од последици на новиот коронавирус, а во текот на ноќта пројавени се уште 1.000 болни.
Вкупно, од вирусот во Иран досега починале 145 луѓе, а 5.823 се разболеле, што е најголем број на Блискиот исток.
Откако Малта денеска го потврди првиот случај на пациентка заразена со новиот коронавирус, Кипар остана единствената земја-членка на Европската Унија, каде што нема регистрирано ниту еден случај на Ковид-19