Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, кој живее и работи во Милано, упати видео апел до граѓаните на Македонија и раководството на државата.

Во видеопораката Нацоски му порачува на претседателот на државата, премиерот, министерот за здравство и на граѓаните, сериозно да се сфати ситуацијата со коронавирусот и веднаш да се прогласи вонредна состојба.

Нацоски во видеоапелот кажува дека негов пријател во Италија завчера починал од вирусот.

https://www.facebook.com/Blagoj.Nacoski.Fans/videos/243087003386142/?t=5