Секторот за внатрешни работи Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата.
– Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата, информираат од Министерството за внатрешни работи.