Германија ќе ги мобилизира воените резервисти за борба против ширењето на коронавирусот, изјави денеска министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

– Околу 2.300 воени резервисти и 900 „санитарни резервисти“ веќе одговориле по првиот повик упатен минатата недела, изјави Крамп-Каренбауер, додавајќи дека ќе бидат упатени повеќе апели.

Германија има околу 75.000 воени резервисти.

Во Германија, 10.999 луѓе се заразени со новиот вирус Ковид – 19, а 20 починаа.

Канцеларката Ангела Меркел вчера изјави дека пандемијата на овој вирус е најголемиот предизвик за Германија по Втората светска војна.