На денешната прес конференција министерот Венко Филипче беше запрашан и за тоа колку тестирања досега се направени. Одговори дека го нема точниот број, но дека мисли дека се над 1000 што е околу 500-тини лица на еден милион жители.
Истовремено, до вчерашниот ден, во Хрватска се тестирани 776 лица на еден милион жители, додека во Словенија 7043 на еден милион или вкупно 14 557 тестови.
Хрватска има 108 заразени на еден милион жители, Македонија 88, а Словенија 254 заразени.
Според податоците на Њујорк Тајмс, Јужна Кореја до пред три дена имаше тестирано над 300 000 лица. земјата има 178 заразени на еден милион жители, а се смета дека раната брза и реакција во оваа смисла и помогнала колку – толку да ја држи болеста под контрола.