„Седете дома, зашто јас еве сум во соба, ама доле шатори се подигаат. Се разбудив утрово… и ми се јаде, добар знак. Кафе не пиев вчера, па дури заборавив дека сум зависник од кофеин. А надвор е зима во пролет“, напиша утрово д-р Гордан Николиќ од својата соба на Инфективната клиника во Скопје.
Вчера ги замоли пријателите да не и е јавуваат и да не и пишуваат пораки зашто и е потребен одмор:
„Веројатно не сме свесни како за час се менуваат приоритетите. Ве молам, не ми вртете, не се јавувам за да не се заморувам и закашлувам. Ќе биде се во ред! И да пишувам по 5 збора на 500 пораки е многу за мене . Ми треба одмор. Фала ви што ме мислите, еден убав ден пак на сите ќе ви одговорам“.
Таа е вработена во кумановската болница, лекар е по професија. Не знае како се заразила, но нејзиниот случај се појави откако во болницата беше третирана почината жена од Куманово.