Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информира за статистиката по однос на прекршувањата на полицискиот час во изминатото деноноќие.
-На ниво на целата држава 98 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.
Од страна на Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 110 кривични пријави за вкупно 132 сторители.
– Според статистичките податоци издадени се вкупо 109 решенија за изолација, 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.