Интересно, за синоќешните настани во Ченто кога толпа протестираше поради приведувањето на тројца граѓани од кои едниот советник на СДСМ во Гази Баба, никој не го споменува Обвинителството на Љубомир Јовески.

А, толпата, всушност извршила класична повреда на одредбата од Кривичниот законик која забранува кршење на прописите на надлежните органи за време на епидемија (член 206 од КЗ). Уште повеќе што ова се јавува во време на прогласена вонредна состојба.

Работа на Обвинителството е да ја провери и улогата на градоначалникот на Гази Баба, Георгиевски, сеедно што тој објаснува дека ја смирувал ситуацијата, иако не е јасно од кога тоа во описот на надлежности на еден градоначалник е да оди во полициска станица и „да ја смирува“ ситуацијата откако неколкумина биле приведени поради кршење на полицискиот час и поради собирање во група поголема од двајца.

Д.Ј.