Денес е Павловден и можеби вреди да ги споменеме загубените апокрифни „Дела Павлови“, напишани веројатно околу 160 година и веројатно базирани на преданија на римските христијани, детално опишуваат што се случувало со Павле.
Нерон го осудил на смрт со отсекување на главата, најверојатно по големиот пожар што го зафатил Рим во 64 година, а пред 68 година која е последна година од владеењето на Нерон.
Преданието вели дека погубувањето на светецот се одиграло на Лаурентинскиот пат и дека по отсекувањето на неговата глава, таа три пати отскокнала и удрила на земја и секој пат кога ќе го допрела тлото, од него почнувала да извира вода. Така, на тоа место се создале три извора.
На тоа место денес се наоѓа црквата Свети Павле. Прв пат е подигната во петтиот век, а денешната во 1599 година по налог на кардиналот Петро Алдобрандин. Изворите, односно фонтаните во 20 век се запечатени поради загаденост на водата.
За еден столб од овој храм се верува дека е тој на кој Павле бил заврзан пред погубувањето, но тоа е веројатно само невистинита приказна која е создадена подоцна.
Според преданието, св. Павле е погребан три километри подалеку од местото на погубувањето, каде денес се наоѓа базилката Свети Павле, една од четирите папски базилики во Рим. Под нејзиниот олтар се наоѓа гробот на апостолот, во гробница која и припаѓала на христијанката по име Луцина.
На тоа место Константин Четврти ја подигнал базиликата, истовремено со базиликата на Ватиканското брдо кое се срамнето, над гробот на св. Петар. Кон крајот на истиот век, Теодисиј Велики ја проширил и таа станала позната како базилика на светиот Павле надвор од ѕидините.
Истовремено, моштите на апостолот се префрлени во саркофаг кој се наоѓал под олтарот на базиликата и во хаост во наредните векови било заборавено каде точно се наоѓа. Првиот знак дека повторно е откриен доаѓа во 19. век, а пред десетина години археолозите и другите научници потврдиле дека таму навистина, односно најверојатно, се наоѓаат остатоците од светецот.
Инаку од 27 книги во Новиот завет, 14 се напишани од св. Павле. Шест од нив се спрони, однсоно голем број научници се смета дека се напишани подоцна, од други лица. Тој никогаш не го сретнал Исус. Неговото име било Савле и бил прогонител на христијаните, се додека на па пат меѓу Ерусалим и Дамаск, не му се јавил Исус и го прашал зашто го прогонува. Савле три дена ослепел, а потоа целиот свој живот како Павле го посветил на ширење на христијанството. Првата црква во Европа ја основал во Филипи близу Кавала, во домот на Лидија, откако во сон му се јавува Македонец и му вели да дојде во Македонија. Се смета дека е можно во сонот да му се јавил евангелистот Лука, кој по потекло е од Македонија.
Новиот завет не зборува ништо за неговото страдање, но тоа се наоѓа кај другите ранохристијански списи. Веќе во 110 година светиот Игнатиј Богоносец го споменува Павловото мачеништво, а нешто подоцна на тоа се осврнува и Дионисиј Коринтски.
Во време на Константин Велики, моштите на св. Павле се префрлени во саркофаг кој е закопан под олтарот на базиликата Свети ПАвле надвор до ѕидините, изѕидана од Константин Велики, па во општиот хаос во наредните векови, заборавен е каде точно се наоѓа. Првата назнака дека е откриен е во 19 век, а пред десетина години археолози потврдиле дека под олтарот навистина с енаоѓа саркофаг од бел мермер. Некои извори тврдар дека натписот на саркофагот гласи “PAULO APOSTOLO MART“, односно „На Павле апостолот и маченик“.