Корона вирусот можеби почнал да се распространува уште од средината на септември и можеби Вухан не е местото од каде тој тргнал да го „освојува“ светот, тврди британскиот научник Питер Форестер за Њусвик.
Професорот Форестер е на чело на проект на Кембриџ насочен кон историјата на вирусот со цел да се утврди почетокот на процесот кој доведе до пандемијата.
Целта е да се идентификува нултиот пациент од кого заразата тргнува, но не нултиот пациент во Вухан, туку првиот човек, неколку месеци наназад од кого се почнува. Екипата во моментот ги анализра податоците од тргнувањето на вирусот од Кина кон Австралија и Европа.
Екипата создала мрежа која користи над 100 геноми на вирусот. Тие вклучуваат податоци за заразувањето кај различни луѓе со различни типови на вирусот. Има три типа: А, Б и Ц. А е најблизок до тој кој ги заразува луѓето и е откриен кај Кинезите, Американците, а го има и во Австралија.
Но, типот А не е тој кој е откриен во Вухан, Таму повеќето пациенти го имаат типот Б. Ќерката на типот Б – типот Ц, е откриен во раните случаи во Европа, Република Кореја, Сингапур, но не и во во другите делови на Кина.
Според сознанијата на екипата на Форестер, заразата тргнала во некој период меѓу 13 септември и 7 декември минатата година.
„Тоа засега е најмногу што можеме да утврдиме. Во тој период е вклучен и моментот на мутација. Сега ги очекуваме и податоците од болниците за 2019 година“, изјавил Форестер.
Спотред него, многу е веројатно дека заразата не тргнала од Вухан, бидејќи таму до 17 јануари сите случаи се од типот Б. Во исто време, во провинцијата Гуандон, која е на 800 км од Вухан, 7 од 11 случаи се од типот А.
„Проблем е што, сепак, тоа се многу мал број примероци за да се изведе заклучок. После кинеската Нова Годна и 25 јануари, почнуваат патувањата и вирусот започнува да се шири географски“, објаснува Форестер.
Форестер го забележал и случајот објавен во кинескиот Саут Чајна Морнинг од 17 ноевмри кога е објавено дека е заразен 55-годишник од провинцијата Хубеи во која Вухан е главен град.
Истражувањата на тимот на Форестер покажуваат и дека „бумот“ започнува во декември, но и дека нема докази дека вирусот преминал од животно на човек на пазарот на Вухан и дека така започнала епидемијата.
Врќањето наназад, според Форестер е битно ако се сака да се спречи ново појавување на епидемијата во иднина. Но, клучно, според него, е да се утврди какво влијание врз ширењето на вирусот имаат неговите различни типови.
„На тоа прашање мораме да најдеме одговор“, смета Форестер.