Новиот коронавирус мутирал во најмалку 30 различни типа, најсмртоносен е тој што се шири во Европа, откри тим на истражувачи од кинескиот Универзитет „Џеџијанг“ и открил дека постојат уште десетици видови вируси, а 19 се нови, никогаш досега видени.
Истражувачите ги објавија своите наоди на платформата MedRxiv.org , а ги пренесоа италијанските медиуми.
Во текот на истражувањето идентификувани се некои посилни видови на вируси кои личат на оние кои се шират во Европа, додека послабите видови на коронавируси биле слични на оние кои циркулираат во делови од САД, како што е државата Вашингтон.
Кинеските научници велат дека нивните резултати се првите што покажуваат дека мутациите можат да влијаат на сериозноста на болеста.
Паралелни студии во Соединетите држави покажаа дека две различни групи на коронавируси се шири во епидемијата на САД, типот А доминира на западниот брег, а типот Б е почест во Њујорк.
Експертите велат дека епидемијата од типот А се проширила во САД од Кина, додека епидемијата „Тип Б“ што го зафати Њујорк веројатно се појавила од Европа.
Научниците веруваат дека САРС-КоВ-2 постојано мутира за да ја надмине отпорноста на имунолошкиот систем кај различни популации.
Овие мутации беа забележани и во неколку тешко погодени европски земји, како што се Италија и Шпанија, пред да се прошири во Њујорк.
При развојот на лекови и вакцини, што е итно, сепак мора да се земе предвид влијанието на овие акумулациски мутации, велат истражувачите.
„Проучувањето на овие мутации треба да ни помогне да видиме дали ќе треба многу повеќе оружје, односно повеќе од вакцина против коронавирусот“, вели генетичарот Џузепе Новели, кој ја води групата истражувачи на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим.