Се урна хеликоптер на МВР, едно лице лесно повредено, Чулев веднаш се огласи

/ 04.05.2020

Хеликоптер на МВР денеска се урнал на аеродромот во Петровец. Според информациите на „Република“ нема загинати, ниту тешко повредени во несреќата. Полесно повредено е едно лице.

Се работело за тренажен лет, а во моментот хеликоптерот се полнел со гориво, по што се превртел. Причина за несреќата, веројатно, е и силниот ветер утрово.

На местото на настанат пристигнаа и пожарникарски екипи.

За паднатиот хеликоптер на МВР, информираше и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

✈️ Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди.

❗ Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

➡️ Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.

?️ Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди.


Од истата категорија