Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Како што информира МВР, С.С.(31) од село Глумово вчера во 20:20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15:00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарскиот дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С., до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера повеќе медиуми објавија дека имало пукање на езерото Матка и оти две групи се скарале кој да ги вози туристите со чамец по езерото.