Ова парче место со зелена боја, чини 33 милиони денари, односно повеќе од половина милион евра. И Богдановиќ го нарекува „инвестиција“
Арно ама, како што пренесе Канал 5, градоначалникот на Скопје Шилегов тврди дека станува збор за анонимни граѓани кои го уредиле просторот и дека градот немал право да уредува на тоа место. Како тоа градот нема право, а анонимни граѓани имаат право, остана нејасно. А, ако погледате повнимателно, до него истовремено стои Богдановиќ кој се пофали дека станува збор за инвестиција, веројатно на општина Центар.